Пресврт во приказната за пирамидата во Високо, БиХ

Еден од трите најголеми научно-документарни ТВ канали во светот(National Geographic, History Channel, Discovery), деновиве започна со отворена и агресивна критика кон научната јавност.

За прв пат History Channel отворено и афирмативно збори за постоењето на босанската пирамида (има сериозни индикации дека се повеќе) и пронајдоците на Др. Семир Сам Османагич, кој го истакнуваат како еден од водечките познавачи на светскиот пирамиден феномен.
history_channel_viscap

Ставот на денешната “модерна” наука, кој е креиран и подржан од ограничената и непрогресивна научна јавност, која ги прекршува основните начела на науката и избегнува да ги испита и обработи приложените докази за постоењето на босанската пирамида и на многу други артефакти и локалитети, веќе отворено се критикува не само од овој медиум, туку и од огромен дел од јавноста.

Во светот постојат таканаречени алтернативни и аномалиски докази, од најразличен карактер, кои навестуваат една нова и досега неразгледана перцепција на историјата на земјинава топка. Засега овие теории и докази се цел на потсмев, без сериозно да бидат анализирани. Заедницата што ја пласира оваа нова перцепција на работите, веќе со години се обидува да ги наметне алтернативните докази, да бидат сериозно разгледани од научната јавност, и како што велат тие, откако би биле анализирани со сите денешни научно расположливи средства, резултатот од испитувањата би го прифатиле молчејќи.

Се додека науката го врти погледот, ваквите докази ќе бидат субјект на најразлични теории, шпекулации и приказни.

- Реклама -