Застарува делото и на поранешниот премиер Владо Бучковски во предметот за злoyпотpeба на функцијата при набавка на резервни делови за армиските тенкови, и тоа преку пресврт во судењето, објави „Телма“.
Пред самиот крај на маратонското судење, пишува телевизијата, обвинителот Бодан Лазаревски го преквалификува делото, кое со новата квалификација всушност застарува.
Одлуката за застареност на предметот сега е само формалност и извесно е дека ќе се случи на следното рочиште, велат познавачите, за „Телма“. Со делото на Бучковски, застаруваат делата и на ексначалникот на генералштабот на АРМ – Методиј Стамболиски и уште неколку вработени во Министерството за одбрана, кои со набавката на деловите, според обвинението, го oштeтилe буџетот за околу 2.5 милиони евра.