Пресврт: ХИВ вирусот еволуира во помалку опасни варијанти

Една студија спроведена на 2000 жени во Африка покажува дека вирусот ја губи својата сила.

Вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ) еволуира прилично брзо, а како резултат на тоа што се адаптира на човечкото тело, му е потребно многу подолго време за да се развие во СИДА. Научниците се оптимисти дека ваквиот развој на настаните ќе значи дека по извесно време, опасната епидемија конечно ќе може да се сопре.

Се наведува дека по прв пат во историјата на борбата со СИДА-та (прв пат во последниве 30 години), бројката на нови ХИВ инфекции, на годишно ниво, е помала од бројката на ХИВ позитивни луѓе на кои им е потребен третман. Експертите го опишуваат ова како пресвртница во борбата да се редуцира смртта како последица од СИДА.

Во моментов, околу 35 милиони луѓе имаат ХИВ, а СИДА-та има убиено околу 40 милиони од почетокот на заразата.

„Воглавно, ја смалуваме способноста на вирусот да предизвика СИДА толку брзо“, вели Филип Гулдер, професор на универзитетот Оксфорд и челник на студијата. „Но, би било преувеличување да речеме дека ХИВ ја изгубил потентноста – сеуште е вирус кој не сакате да го имате“.

Тимот на Гулдер ја спроведе студијата во Боцвана и Јужна Африка – две земји силно погодени од СИДА. Тие анализираа дали интеракцијата меѓу природниот имунитет на телото и ХИВ води кон тоа вирусот да стане помалку опасен и помалку способен да предизвика болест.

RT_aids_lab_test_nt_131202_16x9_992[1]

Претходните истражувања покажаа дека луѓето со одреден ген, наречен HLA-B57 можат да имаат бенефит од заштитниот ефект против ХИВ и побавно од обично да прогресираат кон СИДА. Исто така, научниците најдоа дека во Боцвана, вирусот еволуирал да се адаптира на HLA-B57 повеќе отколку во Јужна Африка. Но, она што е интересно е дека ваквата адаптација на ХИВ доаѓа по цена на намалена способност да се реплицира – правејќи го помалку заразен.

Откако научниците го анализираа импактот на лековите за СИДА врз вирусот, тие заклучија дека третманот на најтешко болните пациенти, чиј имунитет е ослабен заради инфекцијата, резултира со забрзана еволуција на варијанти на ХИВ, но со помала способност да се реплицираат.

„Адаптацијата на ХИВ на најефективните имуни системи што можеме да му ги спротивставиме доаѓа по голема цена по неговата способност за репликација. Се што правиме и што на овој начин може да го зголеми притисокот врз вирусот, ги зголемува шансите на научниците да ја редуцираат деструктивната моќ на вирусот со текот на времето“, вели Гулдер.

- Реклама -