ПРЕСТAНЕТЕ ДА СВИРИТЕ НА ВОДЊАНСКА (бе шупаци!)

МОЛБА до сите вас возачи во Скопје: дали може да престанете на свирите без мерка на семафорите на почетокот на Водњанска?

Веќе скоро месец дена се копа канал на улица Јордан Мијалков и поради бавната како полжав работа на фирмата што ги посатвува цефките за гасоводот, се ствара гужва на раскрсницата на почеток на Водњанска. Но со вашето безобразно свирење не помагате! Ниту гужвата ќе се растерети ниту пак оние од фирмата што посатвува цефки ќе бидат побрзи (неверојтано е како се нема осет дека улица во строг центар на град може да се прекопува без план за брзо санирање на тоа што го прават!! Мајсторите работат до пауза за доручек, околу 11:00,после малце одмараат и си одат. Да не кажам дека си ги споија деновите околу 1ви мај па 4 дена раскртсницата стоеше раскопана и никој не помисли да работи. Празник беше, нели!) Нејсе, ќе се вратам на свирењето. Во овој потег има луѓе што живеат, тука е Клинички Центар со болни луѓе на кои им треба пред се мир, а има и луѓе што работат. Од вашето свирење ништо не е возможно деновиве, ни живеење, ни работење!

Вообичаено МВР не излегува во пресрет на граѓаните да постави сообраќаец кој би го регулирал сообраќајот. По некој полицаец ќе се прошета наоколу, ќе погледа колку сите неподносливо свират и ќе си отиде.

Сообраќајната култура е на толку ниско ниво, што веќе оди во минус. Не знам што мислите дека ќе постигнете со свирењето: ќе ви се тргнат возилата пред вас демек сте брза помош? Ќе добиете третман на претседател на држава па за вас ќе направат посебен пролаз?

Освен што пробивате звучен ѕид и реметите јавен ред и мир, ништо друго и не може да постигнете! Затоа ве молам: ПРЕСТAНЕТЕ ДА СВИРИТЕ НА ВОДЊАНСКА!

Од постот на Билјана Кржовска објавен на Ѕидот на сообраќајниот срам

PS. Тоа во заградата во насловот ние си го додадовме

- Реклама -