Престанете да го убивате овој човек! (ВИДЕО)

Актерот Шон Бин не е многу омилен меѓу сценаристите и режисерите.

Како инаку да се објасни фактот дека во филмовите и ТВ сериите постојано го убиваат неговиот лик? Затоа, покрената е петиција за барем некогаш да преживее!

#Don’tKillSeanBean е името на оригиналната кампања на социјалните мрежи, која е започната за овој актер, барем некогаш, во некој филм или серија, да остане жив до крајот.

View image on Twitter

Британскиот актер, 55-годишниот Бин, е убиен повеќе од 20 пати во разноразни филмови и серии. Потсетуваме: ликот Боромир од трилогијата „Господарот на прстените“, или филмовите „Патриотски игри“, „Караваџо“, „Ерборн“, „Момци од Ексек“, „Смртоносна трка 2“… или популарната серија „Игра на престоли“, каде го играше Нед Старк, убиен уште во првата сезона! Па, дајте му шанса!

Затоа продуцентите од серијата „Legends“ на социјалните мрежи започнаа хумористична периција „Не го убивајте Шон Бин“, која доби огромни размери, дури печатат маици со оваа порака.

Прочитајте и:  Во Австралија нема да има потреба од давање на лични податоци на социјалните мрежи

View image on Twitter

Актерот со насмевка на лицето, вели дека веројано неговиот талент за умирање бил пресуден што сценаристите му го кратат животот.

„Умирав на различни начини, а можеби квалитетот на мојот талент е пресуден во тоа што често ме елиминираат. Најмногу ми се допадна мојата смрт во „Господарот на прстените“. Беше величенствена“, духовито коментирал Бин.

Сепак, оние кои го сакаат овој актер повторно ќе го гледаат неговиот предвремен крај, бидејќи е ангажиран за филмот „Цезар“ во кој ќе го глуми Јулиј Цезар… Се знае како завршил римскиот император…

Погледнете ја компилацијата од смртта на ликовите кои ги играл:

- Реклама -