Прес на Димовски: Менување на закон пред почеток на собраниска процедура е против сите принципи

Собраниската седница за Законот за јавно обвинителство доцни повеќе од 2.5 часа, откако беше презакажана за 18 часот, откако првично беше закажана за во 17 часот.

Пpaтеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Илија Димовски, на прес од Собранието, вели дека немаат официјални информации зошто се доцни. Според информациите од собраниските ходници, пак, посочи, дел од министрите и пpaтениците и во моментов преговараат, токму во Собранието, иако законот е во постапка. Односно, го менуваат без да помине на Влада, што, како што истакна Димовски, спротивно на сите принципи. Откако законот ќе добие печат од Влада (а доби вчера), тој единствено може да биде менуван преку амандманска расправа или ако е повлечен за да претрпи измени. Во никој случај, посочи Димовски, не може да се менува пред почетокот на собраниската процедура.

Димовски посочи и дека е апсурдно што Владата сака да го донесе законот набрзина, за два дена, и покрај тоа што во него е предвидено да почне да важи за 4.5 месеци. Тоа е одлична прилика законот да биде повлечен и да седнат експерти да напишат нов, кој ќе биде прифатен од сите пратеници, посочи Димовски. Вака, кога Закони прават политичари, секогаш настанува xaос, рече тој.

- Реклама -