Прес-конференција на претседателот Пендаровски точно напладне

Точно напладне, во 12 часот, претседателот Стево Пендаровски ќе одржи прес-конференција во Вила Водно.

Кабинетот на Пендаровски истата ја најави уште вчера, но останува непозната темата на која ќе зборува. Сепак, најголема е веројатноста дека прес-конференцијата ќе се однесува на случајот „Рекет“, особено по бурните последни неколку дена, во кои италијанскиот весник „Ла Верита“ објави видео и низа снимки од „преговорите“ меѓу Боки 13 – првоосомничен во случајот, и Орце Камчев – бизнисменот сведок и жpтва на рекетот, на кои се слуша и гласот на специјалната јавна обвинителка – Катица Јанева.

 

- Реклама -