Како да препознаете непоправлив женкар

Ако тој изгледа и се однесува предобро за да биде вистинито, тогаш веројатно вашите инстинкти не ве лажат и навистина си имате работа со женкар. Ако почнавте да се сомневате во неговите слатки зборови, фини гестови и совршени манири, тогаш треба да размислите колку се тие искрени.

Постојано нешто ветува

Не поминале ни пет дена откако се запознавте, а тој веќе ви зборува за вашата заедничка иднина. Ако постојано и пребрзо ви дава нереални ветувања за иднината, тогаш веројатно го зборува точно тоа што сакате да го слушнете.

Не ви се обраќа со име

Постојано ви се обраќа со срце, злато и душо. Можеби во неколку наврати тоа ќе ви делува слатко, но голема е веројатноста дека има уште десет девојки на кои им се обраќа на ист начин, за да не ги помеша имињата на крај.

Нема блиски пријателки

Има повеќе пријателки од пријатели, но ниедна не му е доволно блиска за да ја претстави како важна во својот живот. Женкарите најчесто немаат пријателки, туку голем број потенцијални познанички.

Постојано дели комплименти

Сите сакаме да слушнеме по некој убав збор повремено, но ако ви дели комплименти буквално на секои пет минути и тоа за работите што точно знаете дека не ви се најпозитивни страни, тогаш очигледно има скриени намери.

 

- Реклама -