Препорака за филм: Руби Спаркс (2012)

Ова е филм за љубовта и потрагата по совршен човек и совршена љубов.

Ruby Sparks (2012) e сосема во духот на максимата дека најмногу солзи се пролеани поради сонот, идеализирањето и копнеењето по вечна харминија и искри.

Келвин е млад, успешен и популарен писател. Тој е осамен и комплексен, ги минува своите денови пред машината за типкање, а единствените блиски луѓе во животот му се неговиот брат и неговиот психотерапевт. Овој начин на живот не му обезбедува многу извори на литературна инспирација, па Келвин се инспирира од соништата. На сон тој се среќава со мистериозна девојка, секогаш насмеана, со која што е лесно да се комуницира и што го обожава неговото куче. Келвин и дава на девојката име – Руби – и почнува да пишува книга за неа. Едно утро Руби се појавува во кујната – насмевната, реална и вљубена во него.

Идеален почеток на една љубов во која партнерот се појавил токму според желбите и соништата на својот љубовник.

Да се заљубиш во свеото дело, да го „направиш човек“ и да го пуштиш да прави што сака, без да имаш контрола врз него. Дали одеднаш ќе посакаш да ја воспоставиш контролата повторно? Дали тоа те прави испаничен „контрол фрик“ или „безнадежен заљубен човек“?

Одговорите можете да ги најдете во светот на режисерот  Џонатан Дајтон.

Детали

- Реклама -