Премина во вечноста градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски

Жителите на Општина Брвеница се простуваат од својот градоначалник, Јовица Илиевски, кој на жалост, ја заврши својата животна патека. Според неофицијални информации, причината за неговата смрт е срцев удар.

Илиевски беше долгогодишна и познато лице во политичките кругови на општината. Од ноември 2021 година, ја извршуваше функцијата градоначалник, откако беше избран да раководи со локалната самоуправа во мандатот 2021–2025. Неговата кариера беше значајно обележана од ангажманот во здравствениот сектор, како и во локалната политика, каде остави длабок траг.