За среда (04.05.) во 21:00 часот, во кино Милениум, закажана е премиерата на краткометражниот македонски филм „Еклер“, во режија на Марко Ѓоковиќ. Во главните улоги настапуваат Давид Тодосевски, Дина Јовевска, Sвездана Ангеловска, Игор Ангелов, Борис Дамовски.
Приказната накратко изгледа вака: „По десет години, синот на куварката во Маршаловата вила, добива шанса да ја вкуси храната што цел живот гледа како се готви, а не смее да ја пипне“.
По премиерата, филмот останува на репертоарот, а ќе биде прикажуван во блок со уште еден македонски филм „Лазар“, во терминот од 20:00 часот.
„Лазар“ е еден од поновите македонски филмови, кој скопската премиера ја имаше на тукушто завршениот Скопски филмски фестивал. Филмот е во режија на Светозар Ристовски, а главните улоги ги толкуваат Ведран Живолиќ, Наташа Петровиќ, Дејан Лилиќ, Горан Невојец, Владо Јовановски.