Општина Карпош уште еднаш го потврди епитетот на најспортска општина во Република Македонија и неизмерното залагање за здрав живот на младите жители. Во организација на одделението за образование и спорт при локалната самоуправа и во соработка со фондацијата „Македоника“, денеска, во Кинотеката на Македонија се одржа семинар за проучување и стратегија за развој на спортот и физичкото образование во основните училишта како и градинките. На двочасовниот семинар учествуваа претставници од училиштата и градинките од Општина Карпош како и градоначалникот Стевчо Јакимовски, а предавачи-едукатори беа професор др. Ѓорѓи Спасов, професор др. Марјан Малчев и професорката по педагогија, Благородона Никодиновска.
Целта на едукативниот семинар е да се промовира идејата за поинаков однос и пристап како и кореализација на предметот физичко образование во основните училишта и детските установи, за здрав и културен спортски живот на младите од педагошки, психолошки и социолошки карактер. Основна тема беше здравјето кое има непроценлива вредност, при хармоничен, морфолошки и моторички развој на телото од најмала возраст.
Исто така, на семинарот се говореше за спортот како научна дисциплина и ефектите нанаставниот процес по физичко образование како наставен предмет и едукација и доедукација на наставниците по физичко, како и потребата за опрема на справи и реквизити во спортските сали.