Работењето од дома станува сѐ позастапено, па зошто да не си ја уредите домашната канцеларија по ваш вкус?
Овој апартман е пример како може во иста просторија преку ден да имате канцeларија, а по завршување на работното време на неколку чекори да се „нурнете“ во удобноста на вашиот дом.
Апартманот е лоциран во Тајпеј на првиот спрат на 40-години стара зграда и е изграден како комотен, убав дом за двајца дизајнери, но и место за работна инспирација и креативност.