Снимајќи ја рекламата по повод саемот на венчаници „Во бело“, кој треба да се одржи од 14 до 16 март, младиот новинар од ТВ Алфа Иван, смислил креативен начин за во оваа пригода да ја запроси неговата девојка.
Јана била задолжена за подготовките на кореографијата на балетското студио „Еурека“, но не ни помислила дека нејзиното момче има ваков план.
Погледнете го романтичното видео за кое ќе се согласите дека е едно од најдобрите јавни запросувања кои се случиле во последно време.