Прекрасни моменти на нежност од Скопската зоолошка градина, низ фотографиите на Горан Анастасовски (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Може ли овие да се најслатките фотки што сте ги виделе?, прашува „Daily Mail“, а зборува за фотографиите на Горан Анастасовски од животните во Скопската зоолошка градина.

Да, навистина. Анастасовски направил низа фотографии од моменти на нежност меѓу животните во Скопската зоолошка градина, каде е чест посетител. Тој фотографира животни веќе 13 години.

„Фотографиите од животни ми се најголемата пacиja и ако успеам да направам барем еден човек да се грижи малку повеќе за нив, мојата цел е постигната. Со секоја фотографија што ја правам, се обидувам да ја уловам не само убавината, туку и човечноста на животните и нивната способност да се грижат едни за други и да изразуваат љубов“, вели Анастасовски за „Daily Mail“.

Погледнете ја оваа нежна и љубовна приказна од скопската зоолошка, колку и да звучи неверојатно. И никако не пропуштајте да ги погледнете останатите извонредни фотографии на Анастасовски на неговиот вебсајт, или на Инстаграм.

- Реклама -