Кори Вајт е фотограф кој создава прекрасни дигитални фотографии на капки вода. За создавањето на овие фотографии дефинитивно е потребно многу трпение бидејќи е потребно многу чекање за една совршена фотографија.
Ваквите фотографии на почетокот биле само хоби за Кори, но се претвориле во сериозна активност откако започнала да ги тестира границите создавајќи навистина уникатни фотографии. Некои од нејзините капки изгледаат како цветови или дури и шарени медузи. Нејзината креативност е она што ја прави различна од сите останати фотографи кои работат со капки.