Од блескавите светла во градот до прекрасните пејсажи на ридови и долини, овие фасцинантни фотографии го покажуваат најдоброто од Британија.
Импресивните фотографии беа доставени за овогодинешните награди Landscape Photographer, чиј победник е фотографот Мирек Галагус со неговата драматична фотографија од карпестите предели на Beachy Head, East Sussex, беше одбрана за фотографија која го сумира духот и убавината на пејсажите во Велика Британија за 2013 година.
Далеку од природните пејсажи, градовите се фатени во чудесно светло. Најистакнат фотограф на оваа тема е Неал Смит кој ја виде магијата зад градските светла.
Фасцинантниот албум ги соджи тие и други прекрасни изданија во боја од победничките и пофалените записи од Landscape Photographer of the Year Awards 2013. Бесплатната изложба на овие фото-записи е во Националниот театар во Лондон до 9-ти февруари 2014 година.