Оваа куќа на Пацификот располага со многу модерни додатоци како француски прозорци и луксузни технологии. Таа се наоѓа на еден рид со прекрасен поглед и кон неа има 93 хектари земјиште. Областа на домот е 653 квадратни метри. Има 5 спални, 5 бањи, куќа за батлер со површина од 80 квадратни метри и уште 80 квадратни метри, кои служат за гаража и перална. Дизајнерот ја задржал класичната италијанската кујна од отворен тип, како и трикатна кула од камен. Домот се наоѓа во близина на Кармел Бич, Сан Франциско и Силиконската долина.