Прекрасна Битола, од пред времето кое се памети

„Потребни се два дена патување на исток за да се стигне од Ахрид (Охрид) до Бутили (Битола). Бутили е необичен и убав град“, напишал арапскиот патник Абу Абдулах Мухамед ал-Идриси во своите мемоари во 12 век.

И навистина, уште од најдамнешни времиња овој прекрасен македонски град крадел воздишки од неговите случајни и намерни посетители.

Многу важни настани од македонската и балканската историја се случиле во Битола. Градот е граден, доградуван, рушен и повторно граден и надградуван уште од неговото прво населување во доцното бронзено доба. Потоа во хеленистичкиот период, па Римското царство, сѐ до византиското време имал статус на град со висок степен на цивилизација.

Традиционално силниот трговски центар, е познат и како град на конзулите поради тоа што во еден период за време на Отоманската империја, Битола имала дури дваесет конзулати од разни европски земји. Во истиот период, градот имал многу школи, меѓу другите и воена академија, којашто ја посетувал и славниот турски реформатор Кемал Ататурк. Градот бил преполн со фабрики и фотографски дуќани, а интересно е и тоа што покрај Сингер, во Битола уште во тоа време постоела фабрика за слатки.

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство

Во Битола се снимени првите фотографии и филмови, благодарејќи на браќата Манаки. Тоа било златното доба на градот. За жал, за време на Балканските војни, многу битки биле водени во околината на градот и самиот град, па многу материјални докази изгореле или биле потполно уништени. Архитектурата можела да се обнови, посебно последните петнаесетина години, а докази за сѐ што се случувало се и прераскажувањата на старите кои добро се сеќаваат.

Очигледно, некои работи тешко се менуваат, па така ниту разните историски пресврти не успеале да ја избришат убавината на овој стар македонски град. Погледнете како изгледала Битола во времињата кои едвај се паметат…

nw_monastir_01 sap40_or076882_p sap40_or076903_p sap40_or076984_p sap40_or094840_p sap40_or094861_p sap40_or094877_p sap40_or094900_p sap40_or094904_p sap40_or094919_p sap40_or094932_p sap40_or094958_p sap40_or095607_p sap40_or095622_p sap40_or095624_p sap40_or095625_p 49_005A 49_005B 103 16693_846546662032019_581934874777870595_n 63727_887755847911100_6833799899133137062_n 1457717_887822671237751_8364705232896610576_n 1904014_888875144465837_7744473571378142649_n 10156033_886649304688421_2099520109806462977_n 10173732_882598268426858_8487644041061802978_n 10262009_886843328002352_7454767774087529477_n 10409153_869994379687247_3306891331454297397_n 10409707_885245591495459_6770956851431739342_n 10420361_887316681288350_8036035250770728612_n 10431485_867925743227444_2899481745405032590_n 10612569_867088313311187_7651708145710314126_n 10616119_874908895862462_8784984578042010771_n 10653692_884712381548780_5016370722370005999_n 10671218_887122444641107_4663304904793514867_n 10710907_880921378594547_7456165105135945780_n

 

- Реклама -