Велат дека насмевката е најдобриот лек.
Токму тоа е мотото на овој проект на Mimi Foundation – организација посветена на „подобрување на квалитетот на животот на болните од рак“.
„Знаете што ми недостига најмногу? Да бидам безгрижна.“ – вели Кети А. , дијагностицирана со рак пред две години.
Имајќи го ова на ум, за последниот подвиг – „If Only for a Second“, организацијата покани 20 луѓе со дијагностициран рак да учествуваат во едно несекојдневно и уникатно искуство. Проектот се состои од фото-студио во кое тие ќе бидат предадени во рацете на професионални стилисти, чија задача е да им доловат едно несериозно, ново „јас“, се со цел да изнудат насмевка и барем момент на безгрижност кај овие несреќни луѓе.
Зад огледалото се крие фотограф, задолжен да го овековечи овој момент во форма на фотографија. Единствениот услов за учество е пациентите да ги држат очите затворени за време на целата трансформација. Моментот на изненадување кога ќе ги отворат очите е непроценлив.
„Ова хумористично откритие на едно ново „јас“, им овозможува на овие луѓе да заборават на својата болест, макар на секунда“ – велат од фондацијата.