Прекинете ја диетата и продолжете да губите килограми

Да, не е лесно да се почне диета, а по гладување од неколку дена, сфаќате дека тоа не е здраво, па се јавува нов страв – како да се престане со диетата, а тоа да нема последици по нашата става. Прочитајте како да ги внесете во менито јаглехидратите и на кој начин да правите попаметни избори на храната за да си осигурите фит-линија и добро здравје

Дали тоа значи дека веќе никогаш нема да каснете нешто слатко?

Кето, Аткинсоновата и палео-диетата се само некои од популарните диети, но отсуството на свест кај оние што ги практикуваат не престанува да ги интригира научниците. Освен фактот што повеќето од нив се темелат на невнесување јаглехидрати, кои се неопходни за здравјето на организмот, интересно е и тоа што вкусната храна всушност се темели токму на јаглехидрати. Исфрлањето на јаглехидратите од секојдневната исхрана, според нутриционистите, е неразумен потег – бидејќи шеќерите се погонско гориво за организмот. Без нив, организмот не може да го достигне дневниот енергетски баланс, како и комплетното животно задоволство.

Што кога ќе престанете со диета?

Ставот дека слабеењето е можно само кога ќе се исфрлат јаглехидратите е погрешен, а не можете да не се запрашате што кога ќе дојдете до целта благодарение на диетата. Прво, размислете колку само си играте со здравјето. Второ, брзото губење килограми не значи согорување масти – кога се намалува внесувањето јаглехидрати, телото почнува да ја експлоатира водата во организмот, па се создава лажно чувство на губење килограми. Кога ќе се вратите на вообичаениот начин на исхрана, се враќа и загубената вода, па по неколкумесечно воздржување од храна, најчесто доаѓа до прејадување.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Како да се избегне ефектот јо-јо?

Ако сакате да ги вратите јаглехидратите во исхраната, а не сакате да добиете на тежина, нутриционистите советуваат тоа да го направите постепено и да се концентрирате на големината на порциите. Нам ни се потребни добри и квалитетни јаглехидрати – зеленчук, овошје, растителни влакна, зрна. Килограмите се добиваат кога не знаеме да направиме добар распоред на храната во текот на денот, а не бидејќи јадењето е калорично. Ако уживате во пиењето газиран пијалак или во јадењето десерт по ручекот, не треба да се откажете од тоа – треба само правилно да „дозирате“.

- Реклама -