Поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Лука Геров“ број 38, денеска без водоснабдување ќе бидат неколку населени места во општина Ѓорче Петров. Според информациите од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, прекинот ќе започне во 8:30 часот, а корисниците од населбите Даме Груев, Ново Село, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, Орман и други ќе бидат најпогодени.



