Дали сте се запрашале колку време трае една прегратка? Кусиот одговор, според проучувањето на прегратките на Олимписките атлетичари, е околу 3 секунди. Но долгиот одговор е многу подлабок.
Прегратката трае речиси исто како и многу други работи кои ги прават луѓето и невролошки процеси, што ја подржува хипотезата дека сегашноста ја перцепираме низ интервали од по 3 секунди. Студии кои биле извршувани уште од 1911 година покажуваат дека луѓето функционираат на овој начин. Гестикулација, музички фрази па дури и мрморењето на бебињата траат по околу 3 секунди.
Многу основни физиолошки настани, како опуштено дишење и одредени функции на нервниот систем исто така траат по 3 секунди. Ова основно правило може да се забележи и кај движењата на неколку цицачи и птици. Студија од 1994 извршена врз жирафи, антилопи, елени, ракуни, панди и кенгури кои живеат во зоолошки градини покажала дека иако времетрањето на секое движење варирало, просекот сепак бил 3 секунди.
„Она што го знаеме од опширното истражување е дека го искусуваме светот во рамки од по околу 3 секунди“ вели Емис Наги, психолог од Универзитетот од Данди во Обединетотот Кралство. И прегратките се совпаѓаат со овој шаблон. Во 2008 година Наги, која е љубител на гимнастика, забележала голем број на прегратки додека ги гледала Олимписките Игри во Пекинг на телевизија. Поголемиот дел од ова истражување на принципот на 3 секунди било извршено врз индивидуалци, па таа се запрашала дали однесувањето ќе важи за искуство споделено помеѓу двајца луѓе, особено кога се работи за интимен и емотивен чин како прегратка.
Таа одлучила да ги анализира снимките од финалните настани во 21 спорт, меѓу кои биле бадминтон, борење и пливање. Таа побарала од објективен набљудувач да го измери времетрањето на 188 прегратки помеѓу спортисти од 32 нации и нивните тренери, колеги и ривали. Без оглед на полот или националното потекло на спортистот и партнерот, прегратките траеле во просек по 3 секунди. Не е изненадување што времетраењето зависело од идентитетот на партнерот: спортистите ги прегрнувале своите тренери малку подолго од останатите членови на тимот, а ривалите добивале најкратки прегратки. [Hugs follow a 3-second rule]