Спречете предвремено обелување на косата

Предвременото обелување на косата е резултат на фактори, како што се генетика, стрес и хемикалии кои се наоѓаат во фарбите за коса. Освен што влијаат на природната пигментација на косата, овие фактори, исто така влијаат и на нејзината влажност и исхраната на влакната.

Чекор 1

Нанесете продукт за коса што содржи заштитен фактор за да ја спречите прекумерната изложеност на ултравиолетовите зраци од сонцето. Ултравиолетовата светлина (УВ) ја оштетува ДНК којашто се содржи во фоликулите на влакната, предизвикувајќи предвремено обелување, како резултат на штетата која ја направиле УВ зраците. Нанесувањето на заштитен фактор ќе ѝ помогне на вашата коса да ги преживее овие оштетувања.

Чекор 2

Нанесете мешавина за коса од камилица и к’на прав на вашата коса. Природната боја на косата е подобра отколку разните хемикалии кои ги има во изобилство во фарбите за коса, кои ја отстрануваат заштитната обвивка на влакното, и го принудуваат да ја изгуби бојата. Нијансирањето на коса е исто така корисен метод за покривање на белите влакна.

Чекор 3

Јадете храна богата со фолна киселина, како што се мешункаста храна (боранија, грашок), агруми (портокали, лимони, грејпфрут), цели зрна и црн дроб. Дефицитот на фолна киселина се поврзува со предвремено обелување. Внесот на фолна киселина треба да се одреди според возраста. Жените помеѓу 14 и 50 години треба да внесуваат 400 микрограми од храната и 400 микрограми од додатоци, како што се шумливи таблети и слични форми.

Чекор 4

Вежбајте редовно за да го победите стресот. Јогата и пилатесот се идеални за ова, како и вежбите за длабоко дишење. Стресот влијае на целото тело, како и на фоликулите на влакната од вашата коса, со тоа што ја намалува функцијата на меланоцитните (пигментни) клетки, кои го произведуваат пигментот на вашата коса.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -