Предновогодишно, запленети 26 илјади петарди

Полицијата запленила 26.849 парчиња петарди и други пиротехнички средства за што ќе бидат поднесени кривични пријави против двајца скопјани, а веќе се поднесени четири барања за поведување прекршочна постапка против исто толку скопјани.

petardi

Во првиот случај кај А.И. (59) од Скопје, при претрес на моторно возило на улица Славеј Планина, биле пронајдени си одземени 10.600 парчиња пиротехнички средства, додека во вториот случај, М.М. (29) од Скопје е забележан додека пренесувал во количка. Од него се одземени 12.500 парчиња различни видови на петарди и пиротехнички средства.

На подрачјето на полициската станица Центар, регистрирана е нелегална продажба на пиротехнички средства.

На подрачјето на полициската станица Ѓорче Петров, на 10 декември во продавница во село Волково, сопственост на Б.С. (46), одземени се вкупно 3.423 парчиња пиротехнички средства, соопшти полицијата.

- Реклама -