Предлогот за разрешување на Мизрахи пристигна во Собранието

Предлогот на премиерот Оливер Спасовски за разрешување на министерката Рашела Мизрахи пристигнат е во Собранието и поделен им е на сите пратеници, дознаваме од извори во парламентот.

„Согласно член 94 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија предлагам Собранието на Република Северна Македонија да ја разрежи Рашела Мизрахи, министер за труд и социјана политика во влада на РСМ. Предлагам Собранието да ја разреши на првата сединца“, наведено е во предлогот од Спасовски.

Барањето за разрешување следува откако министерката Мизрахи неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија“. Ставот на Мизрахи е дека таа табла ја затекнала во Министерството кога ја презела функцијата, и оти пред неа и во минатото поранешната министерка Мила Царовска одржувала средби и прес-конференции.

За да се разреши министерката е потребен 61 пратенички глас.

- Реклама -