Брзо, лесно и вкусно! Омлет инспириран од познатата Капрезе салата. За да го подготвите овој омлет ќе ви бидат потребни:
Состојки
(за 2 порции)
1 топка свежa моцарела
2 средни домати
4 големи јајца
1/4 чаша млеко
Сол и црн бибер, по вкус
Малку свеж босилек
2 лажици масло
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата, додадете го млекото, посолете по вкус. Исечкајте ги на парчиња моцарелата и доматите. Убаво загрејте го тавчето со маслото. Истурете ја мешавина од јајцата и одозгора додадете ги доматите и моцарелата. Пржете неколку минути, и потоа за омлетот да биде зготвен од сите страни, ставете ја тавата во загреана рерна и потпечете 10-12 минути, додека не зарумени. Се служи веднаш со свеж босилек и парчиња пршута.