Предлог филмче: The Giver (2014)

Не е едноставно да се дефинира филмот „Тhe Giver“. Од една страна е чиста фикција, но од друга – приказна за една паралелна реалност, која не е и толку невозможна или поточно е само рамка, во која што можеме да ја видиме и нашата сопствена реалност во која живееме и денес.

Во едно друго време и простор луѓето се лишени од разликите меѓу себе. Тие не живеат во своите родни семејства, туку се одгледуваат од претставници на заедницата. Поминуваат низ конкретни фази на развој, со тоа што советот на старешините решава врз основа на години набљудувања над секој член на општеството, каква ќе биде улогата на секој во рамките на потребите на заедницата. Луѓето немаат свои, посебни спомени, туку еден претставник е определен за чувар на генерички меморија, која се пренесува од чувар на чувар со генерациите.

Изборот на следниот чувар се определува од способноста на човекот да гледа „надвор” од сегашната реалност – квалитет, што обично се носи од малкумина. Сите се лишени од емоциите, дадени од Создателот, со цел да се минимализира злото во животот. Но заедно со злото, недостатокот на емоции го парализира богатството на преминот низ животот – нешто што човек може да го разбере само кога ќе мине и во двете состојби, со и без емоции. За да се отстранат стравот, гневот, агресијата, луѓето се лишени соодветно и од радоста, среќата, љубовта. Тука се раѓа главниот конфликт во филмот.

beebe7dcf2f1cea17d394f6c28860d71

Отделеноста од нашите чувства не претвора во добронамерни машини кои вршат секакви предефинирани операции во служба на општото, живеат мирно и беспрекорно – и со тоа смислата на животот им се исцрпува. Токму во овој клучен момент се крие и општото меѓу идејата на филмот и своевидна реалност, во која ни се случува да живееме се почесто – без разлика даваме ли сметка за тоа, или не.

Слепата послушност, ахроматичното видување – само црно-бело, без бои, постоењето надвор од емоциите кои не прават луѓе, се повеќе симболични елементи, над кои вреди да се позамислиме.

Има сериозни и интересни идеи во филмот, иако имплеметацијата можеше да се изведе и подобро. Но ако не се гледа толку во него, би можеле длабоко да се подзамислиме за некои аспекти на животот, онаков каков што го водиме денес.

Во секој случај ако го изгледате ќе направите одличен избор.

- Реклама -