“Танчерка во тишината„ е еден од петте најдобри филмови на доста контроверзниот режисер Ларс Вон Триер.
Доколку сакате да погледнете филм кој ќе остави длабоки импресии, тогаш со овој избор нема да погрешите. Филмот ја следи приказната на Селма Џескова (Бјорк) која е дојдена како туѓинка во САД и живее во својот магичен свет на мјузикли, знаејќи дека нејзиниот живот ќе биде мјузикл со трагичен крај.