Предлог филм: Taa/Her (2013)

Двете прашања, на кои што одговара овој филм се: Интересно ли е да си вљубен во оперативен систем? Вреди ли Скарлет Јохансон номинација за „Оскар“, само за позајмување на гласот?
Приказната се фокусира на емоционално збунет писател (Тиодор) кој се вљубува во оперативниот систем, што е вештачката интелигенција по име Саманта со секси глас.

Her_loading_helix

Тиодор го фасцинира нејзината способност да учи и да се развива на психолошко ниво. Тие се зближуваат преку нивните разговори за љубовта и животот, како на пример кога Тиодор ѝ објаснува дека одбегнува да ги потпише документите за развод затоа што не е подготвен да се прости од Кетрин. Саманта пак, покажува дека е постојано достапна, секогаш љубопитна и заинтересирана, го поддржува и не бара многу за возврат.

her-movie-2013-screenshot-laughing

Нивната љубовна историја има разврска и финале, а чувствата им се взаемни. Додека го гледате овој филм целосно ќе се соживеете со случувањата на екранот – наводно постои љубов,се е како што треба – емоции, смеа, па дури и семејни пријатели, а сепак … нешто недостасува.

her-movie-2013-screenshot-samantha-pocket

И иако за моменти не недостасува на екранот, се чувствува празнината кај гледачите, кои до самиот крај не можат да се изборат со умерената скептичност и конфузијата што ја создава самата тема.

Се надеваме дека ќе ужиавте во овој избор.

- Реклама -