Предлог филм: Москва не верува во солзи (1979)

Овој филм на Владимир Менчов е признаен за култно ремек-дело, а се смета за речиси најдобар филм во историјата на СССР и еден од омилените на жените од пост-советскиот простор.

Тајната е едноставна: да се остави лошто минато зад себе, без патетика и претерување, искрено и гледајќи напред, размислувајќи пред се, на реализација на самите себе.

Со оригинален наслов „Москва слезам не верит“, самите руси сметаат дека филмот е повеќе наклонет кон женската публика, а истиот има добиено и Оскар за најдобар филм на странски јазик.

Во центарот на приказната се три девојки, кои што живеат во дом и трагаат по љубов.

msk3_jpg_1347860552

Дејствијата започнуваат да се развиваат откако чичкото на една од девојките ќе замине на патување и ќе ја остави заедно со нејзината пријателка да го чуваат домот. Двете другарки ќе започнат да се претставуваат како богати наследнички и ќе поканат неколку образовани момчиња во домот.

moscow3

Што ќе се случи понатаму не ви откриваме, едноставно доколку сте расположени за руска класика, можете да одвоите нешто повеќе од два часа пред екранот. Во продолжение еве една песна од филмот, во духот на самото остварување.

Детали

- Реклама -