Оваа година имаше модни креации кои оставија без здив, но имаше и оние кои не добија позитивни коментари.
Вог забавата која ја организира модната уредничка Ана Винтур е еден од најочекуваните настани секоја модна сезона. Оваа година имаше модни креации кои оставија без здив, но имаше и оние кои не добија позитивни коментари- иако станува збор за модна забава кинеска тема на костуми.
Една од тие креации е комбинацијата за која се одлучила Сара Џесика Паркер. Иако таа често пати е нарекувана кралица на стилот и модна икона, многумина заклучија дека ова не е нејзиното најдобро издание. Иако овогодинешната инспирација била Кина и Сара самоуверено одеше на црвениот тепих, најмногу доби критики поради капата што ја носеше на нејзината глава.