Пред заминувањето, Бајден планира да испрати уште еден голем пакет воена помош за Украина

Според официјален претставник запознаен со планот, администрацијата на Бајден планира да обезбеди различни противтенковски системи од американските резерви за да го запре напредувањето на руските трупи, вклучувајќи мини, беспилотни летала, ракети „Стингер“ и муниција за ракетниот систем ХИМАРС, објави Ројтерс

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготвува пакет оружје за Украина во вредност од 725 милиони долари, бидејќи претседателот во заминување настојува да ја зајакне владата во Киев пред да ја напушти функцијата во јануари, изјавија денеска двајца американски претставници.

Според официјален претставник запознаен со планот, администрацијата на Бајден планира да обезбеди различни противтенковски системи од американските резерви за да го запре напредувањето на руските трупи, вклучувајќи мини, беспилотни летала, ракети „Стингер“ и муниција за ракетниот систем ХИМАРС, објави Ројтерс.

Пакетот, исто така, се очекува да вклучува касетна муниција што вообичаено се наоѓа во ракетите со воден состав за повеќекратно лансирање (ГМЛРС) истрелани од фрлачите на ХИМАРС, се вели во известувањето во кое што Ројтерс имал увид

Зајакнување на позицијата на Киев пред доаѓањето на Трамп

Официјалното известување за пакетот оружје до Конгресот би можело да дојде уште во понеделник, рече еден официјален претставник. Содржината и големината на пакетот би можеле да се променат во наредните денови пред очекуваниот потпис на Бајден.

Ова претставува значително зголемување во споредба со неодамнешната употреба на т.н претседателско овластување за повлекување (ПДА), што им овозможува на САД да ги користат сегашните залихи на оружје за да им помогнат на сојузниците во итни ситуации.

Неодамнешните ПДА најави се движеа од 125 до 250 милиони долари. Бајден има околу 4 до 5 милијарди долари ПДА веќе одобрени од Конгресот, а за кои се очекува дека ќе бидат искористени пред новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата на 20 јануари.

Соединетите Држави не извезувале нагазни мини со децении, а нивната употреба е контроверзна поради потенцијалната штета за цивилите. Иако повеќе од 160 земји потпишаа договор со кој се забранува нивна употреба, Киев ги бара откако Русија ја започна својата инвазија на почетокот на 2022 година, имајќи предвид дека руските сили ги користат на фронтот.

Противпешадиски мини

Мините кои би биле испратени во Украина се „непостојани“ мини, со систем за напојување кој трае само кратко. Тоа значи дека, за разлика од постарите мини, тие нема да останат во земјата и да ги загрозуваат цивилите на долг рок.

Според аналитичарите и воените блогери, руските сили во Украина моментално напредуваат со своето најбрзо темпо од почетокот на инвазијата во 2022 година и зазедоа површина од половина од Лондон во текот на изминатиот месец.

САД очекуваат Украина да користи мини на нејзина територија, иако вети дека нема да ги користи во областите населени со свои цивили.

Во средата Трамп го именуваше Кит Келог, пензионираниот генерал-полковник кој му го претстави планот за ставање крај на војната во Украина, за свој специјален пратеник за конфликтот. Брзиот крај на војната во Украина беше едно од главните предизборни ветувања на Трамп, иако избегнуваше да разговара како ќе го направи тоа.

- Реклама -