Пред и потоа: Од симпатична девојка до суштество од Хари Потер

Рина Нанасе е 25-годишна тинејџерска идолка, која разви опсесија кон пластичните операции, чии тек и не се одвиваше според предвиденото. Сепак, Рина не мисли така, и е горда на својот нов изглед.

Во оригиналните фотографии, Рина личи на нормална и симпатична девојка со тркалезно лице. Но, во текот на последната година, таа помина низ секакви можни трансформации, па според коментарите, сега личи на елфот Доби од популарниот филмски серијал за Хари Потер.

Нанасе изврши неколку промени на нејзините очи, носот и брадата, но сеуште смета дека не се променила премногу, па е зачудена од огромниот број негативни коментари од нејзините фанови, според кои, во најмала рака, таа изгледа „чудно“.

На 17 години, Рина изгледала како слатка и здрава девојка, која гледана низ нејзина перспектива имала дебел нос и огромни очи.

Rina-Nanase11[1]

Rina-Nanase10-550x737[1]

По неколку операции за издолжување на носот и истенчување на брадата, Рина изгледа вака:

Rina-Nanase2-550x365[1]Rina-Nanase4[1]Rina-Nanase6[1]Rina-Nanase8[1]Rina-Nanase92[1]

Меѓу коментарите на фановите може да се најдат „Изгледаш како вонземјанец“, „Ова е далеку од прифатливо“, „Да не си болна од анорексија?“ и слични. Рина и понатаму е горда на својот изглед.

- Реклама -