Многу нешта можат да се случат за 24 часа, а светов тоа ни го има покажано со куп примери. Едноставно, денес е денес, а за утре… којзнае.
10. Ерупција на вулканот Света Елена во Вашингтон, 1980 година
Еруптираше во пролетта 1980-та. Ерупцијата беше толку силна што облак од пепел се крена неколку километри во височина. Огромно „свлечиште“ од лава, камења и жешки гасови ја измени околината до непрепознавање.
9. Чернобил, СССР
Чернобил и Припјат се прославија со нуклеарната катастрофа од 1986 година. Експлозијата го претвори градот во „забранета зона“ додека да трепнеш. Луѓето ги напуштија своите домови за да избегаат од радијацијата, а зад себе оставија само празно мртвило.
8. Снег во пустина
Како што гледаме во последниве години, драстичните температурни разлики знаат да донесат снег дури и во Сахара. Еден таков јануари, баш тоа и се случи.
7. Цунамито во Јапонија
Кога Пацифичкиот Океан го погоди земјотрес, Јапонија ја погодија, островот Хоншу настрада од цунами бранови со висина од 40 метри кои збришаа речиси сé што им се најде на патот.
6. Падот на Берлинскиот Ѕид
По победата над фашизмот, земјите од антихитлеровата коалиција ја поделија Германија во неколку окупациски зони, подлени од висок бетонски ѕид во должина од 155 километри. 28 години подоцна, во 1989 година, Берлинскиот Ѕид беше срушен, а Берлин доби сосема нов изглед.
5. Ураганот Харви
Во август 2017, Тексас беше погоден од ураганот Харви, кој му донесе неверојатни количини дождови. Ден потоа Тексас изгледаше како во некакво пост-апокалиптично сценарио.
4. Пад на берзата од 1929 година
Денес „Блек Фрајдеј“ нé асоцира на попусти и евентуални тепачки за банални продукти меѓу општата раја. Но во 1929 година, Црниот Петок значеше почеток на Големата Депресија – глобална криза која траеше 10 години, предизвикана од големиот пад на берзата во САД.
3. Земјотресот на Хаити, 2010 година
Во јануари 2010-та Хаити го доживеа најстрашниот земјотрес во својата историја. Загинаа над пола милион луѓе. Иако земјотресот беше краток, природата си ги покажа мускулите, зад себе оставајќи целосен хаос.
2. Земјотрес во Индискиот Океан
Земјотресот во Индискиот Океан го предизвика најголемото цунами некогаш регистрирано во светот. Океанот ги покри бреговите на Индонезија, Шри Ланка, Јужна Индија и Тајланд. Вибрациите од брановите стигнаа и до Јужна Африка, до толку беше моќно.
1. Ураганот Катрина
Еден од најкатастрофалните урагани во историјата на САД. Го погоди Њу Орлеанс во 2005 година – град кој и онака е под морското дно. Улиците беа буквално збришани од водата.