Пред очите на Талат Џафери: Пратеник на опозицијата истури црна боја врз Еди Рама (ВИДЕО)

На седницата во албанскиот парламент за ратификација на  Протоколот за членство на Македонја во НАТО, на која како гостин присуствува и претседателот на македонското Собрание – Талат Џафери, албанскиот премиер го „искара“ лидерот на демократите – Љуљзим Баша, дека повеќе зборува за „криминалот на владата отколку за точката на дневниот ред. Еди Рама му порача дека не е моментот за такво нешто (и поради трагичната несреќа кај Карпалак), по што констатираше дека „детето не знае што прави и што зборува“.

Револтиран од односот на Рама, меѓу другото, потпретседателот на опозициската Демократска партија – Еди Палока, му пристапи од зад грб на Еди Рама и му истури црна боја (на 2:00 минути во видеото).

Палока беше отстранет од салата со помош на обезбедувањето, а доби и 10-дневна забрана за влез во Парламентот.

Сето тоа се случуваше пред очите на гостинот Талат Џафери, па Рама и лично му се извини за инцидентот.

(За да го гледате видеото, кликнете на Watch on YouTube, или на линкот погоре)

 

 

- Реклама -