„Пред да се раздени“ е насловот на новата песна со која Есма Реџепова и Влатко Лозановски ќе ја претставуваат Македонија на годинашниот „Евросонг“ во мај, во Малме, Шведска.
Овојпат, Есма ќе пее на ромски јазик, а песната ќе биде претставена вечерва во 19 часот на Македонската Радио Телевизија.
Автор на текстот е Магдалена Цветковска- Ена, а за музиката и аранжманот се погрижија Дарко Димитров и Лазар Цветковски. Делот на Есма, пак, го напиша нејзиниот син, Симеон Атанасов.
Ова е 58 издание на фестивалот „Песна на Евровизија“.