Пред да го продадете својот стар уред во рацете на непознат човек, постојат некои работи кои треба да ги направите, за да ја гарантирате вашата безбедност.
Направете резервна копија на вашите податоци
Направете резервни копии на вашите податоци од апликациите кои ги користите – контакти, календарски записи, пораки, документи во Google Drive, обележувачи во веб прелистувачот и така натаму, на вашиот профил во Google. Одете во Settings> Accounts (изберете Google)> Google account> проверете дали вашата информација се синхронизира. Можете исто така да ги заштите вашите Wi-Fi лозинки и други прилагодувања на уредот. Можете да ја пронајдете оваа опција под Settings> Backup & reset> Back up my data. Можете исто така да користите апликации како MyBackup Pro (2,99 $) или Helium (бесплатно ако направите резервна копија на внатрешната SD картичка или $ 4,99 заHelium Premium за бекап на вашиот десктоп).
Архивирање на фотографии и видеозаписи
Направете резервна копија на сите ваши фотографии и видео клипови на вашиот компјутер. За таа цел ќе треба да го поврзете телефонот со компјутерот. Ако никогаш не сте го поврзале претходно , можно е да ви бара да инсталирате софтвер или драјвери.
Направете резервна копија на текстуалните пораки и регистарот на повици
Ако сакате да ги зачувате вашите текстуални пораки и регистарот на повици, користете апликација како SMS Backup + (бесплатно на Google Play).
Енкрипција на вашите податоци
Откако ќе ги заштите сите ваши податоци, време е да ги избришете од вашиот уред. За да гарантирате дека сепак некој нема да успее да добие пристап до нив, ќе треба да направите многу повеќе. Прво, ќе треба да криптирате податоци. Тоа значи дека ако некој сака да ги види вашите податоци на телефонот ќе му треба вашата лозинка за да ги декриптира. За да ги енкриптирате вашите податоци, одете во Settings> Security> Encrypt phone.
Исклучете Reactivation Lock
Reactivation Lock обезбедува дополнителна заштита при кражба на Вашиот уред. Ако сте ја активирале оваа апликација ќе треба да ја деактивирате. За да го направите тоа одете во Settings> Security> и одштиклирајте до Reactivation lock.
Враќање на фабрички поставки
Враќањето на фабричките поставки на телефонот е последната важна работа што треба да ја завршите пред да го продадете вашиот телефон. Одете во Settings> Backup & reset> Factory data reset и потоа одберете Reset phone.