Пред да биде уапсена, Јанева две недели била cлeдeна

И поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева била под посебни истражни мерки, потврдуваат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за „Фокус“, иако во јули обвинителката Вилма Русковска тврдеше поинаку (Јанева беше уапсена на 21 август).

Од Обвинителството велат дека чекаат материјалите од тајното следење да бидат декласифицирани, по што ќе ѝ бидат презентирани на одбраната на Јанева.

Во период од три недели пред апсењето, тајно следени и снимани биле и Боки 13 и Кичеец, на сите јавни места, освен во нивните домови или деловни простори означени како приватни. Повеќе прочитајте ТУКА.

 

- Реклама -