Овој пластичен хирург има интересен метод за опуштање од стресовите од неговата работа – фрлање ножеви. Она што е чудно е што доктор Тед Ајзенберг го препишува неговот фрлање ножеви на постигнувањето на светски рекорд за „најголем број операции за зголемување на гради извршени во животот“.
Откако негов пријател го прашал колку такви операции направил во животот, тој решил да ги изброи и дошол до заклучок дека извршил 3460 операции по што контактирал со Гинисовите Светски Рекорди да види дали тоа е рекорд. Откако ја посветил првата половина од својата кариера на сите видови пластични операции, докторот во 1999 решил да ја фокусира својата пракса ексклузивно на операции на гради – еден од ретките пластични хирурзи во САД кои се решиле на ваков потег.
{youtube}4YUaZRIbtd8{/youtube}
Тој почнал да фрла ножеви дури во 2008 година. За своето необично хоби тој вели: „Мојата работа се меша со моето хоби, и хобито се меша со работата. Во операционата сала сум внимателен, истиот тој фокус ми овозможува да фрлам ножеви. Исто така постои и одреден Зен кај постојаното фрлање. Кога вежбам се чувствувам смирено. Мислам дека сум подобар во операционата сала поради хобито.“