Пребарувањето на Гугл е штетно за околината?

Повеќе... Истражувачите открија дека покрај другите работи и пребарувањето на Гугл може да има негативни последици врз животната средина. Харвардскиот физичар Alex Wissner-Gross пресмета колку јаглерод диоксид се испушта преку само едно направено пребарување на Гугл.

topicearth.gif

co2ogle.jpg

Истражувачите открија дека покрај другите работи и пребарувањето на Гугл може да има негативни последици врз животната средина. Харвардскиот физичар Alex Wissner-Gross пресмета колку јаглерод диоксид се испушта преку само едно направено пребарување на Гугл.

Само со едно пребарување или кликање на ентер се генерира 7 грама на CO2, две пребарувања преку десктоп компјутер генерираат количина на јаглерод диоксид колку што би било потребно да се направи чај во експресен лонец. 

Гугл секогаш ги држи во тајност фактите за потрошувачката на енергија и испуштањето на јаглерод диоксид. Исто така, одбива да ги открие и локациите на нивните центри со податоци. Како и да е, со повеќе од 200 милиони пребарувања кои се прават глобално во само еден ден, потрошувачката на електрична енергија и испуштањето на гасови предизвикано од користењето на интернетот и компјутерите е загрижувачко, според експертите.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

Според неодамнешниот извештај на Gartner, кој е индустриски аналитичар, глобалната IT индустрија предизвикала испуштање на гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина исто толку колку и светските аеродроми заедно – околу 2% од глобалните емисии на CO2. Според научникот Evan Mills од националната лабараторија на Калифорнија, на центрите со податоци односно серверите во кои се складираат билиони веб страници им е потребна голема количина на енергија. [Revealed: the environmental impact of Google searches]

- Реклама -