Божиќните и новогодишните празници не се само радосна комуникација со роднините и пријателите, раскошни трпези и многу подароци, туку и стрес, велат од Американската асоцијација на психолозите.
Жените се во поголема мера погодени од овој „празнична стрес” , велат специјалистите, според кои повеќето луѓе не се во состојба да се одморат во овие празнични денови и на тој начин стресот од старата година се пренесува во новата.
Американските стручњаци посебно анкетирале 417 жени и 369 мажи и утврдиле дека околу 41% од претставничките на послабиот пол и 31% од мажите страдаат од стрес предизвикан токму од празниците, а како главни причини ги издвојуваат недостатокот на време, пари, а исто така и потребата да се купат многу подароци за кратко време. Жените се уморни повеќе и доживуваат поголеми непријатности. За кратко време тие треба да им купат подароци на сите, да ја организираат забавата за целото семејство и пријателите, да ги приготват празничните трпези, а сето тоа има силно влијание врз психата на жените, пишува Psychology Today.
Секој човек бара самостоен начин за излез од стресот. Највообичаен, но штетен за здравјето е прејадувањето и употребата на големо количество алкохол, а исто постојаното одлежуваше на каучот пред телевизорот. Оваа опција за излез од стресот се практикува од 50% од испитаниците – луѓето сакаат да се замотаат под топлото ќебе, да гледаат телевизија, да читаат, да подготват храна во огромни количини. Имено, 225 од анкетираните бараат утеха кај своите пријатели, 6% (само жени) ги посетуваат салоните за убавина, 5% се шетаат и само 3% одат на работа.
Големите редици во супермаркетите и метежот по улиците само ја влошуваат состојбата. Гостопримството претпоставува раскошна вечера (а таа се подготвува минимум за 1 ден) и купишта валкани чинии по испраќањето на гостите. Особено тешко се чувствуваат осамените луѓе кои немаат со кого да го поминат празникот и спојувањето на стрелките на полноќ, додека ги растажува мислата за неуспешниот живот. Стресните ситуации не завршуваат со празниците. Неколкуте дена на принудно безделничење го прекршуваат работниот ритам и на најактивните луѓе. Повеќето луѓе биле „во заробеништво на алкохолот” или пред телевизор. Малку се оние кои се качиле на планина да подишат чист воздух или да скијаат. Токму затоа луѓето не се одмараат, а се уморни за време на празниците и тргнуваат на работа со оптоварена психа. Експертите препорачуваат со цел избегнување на стресот, подготовките за празниците да започнуваат порано и да бидат поврзани на прво место со промена на ситуацијата .