Празничен пијалок кој ќе ве освои од прва

Уште само неколку дена до Нова Година, па, доколку сепак решивте да останете дома, не очајувајте. Потребни ви се само оние најдрагите, топол простор и скромно накитена елка за да ја почувствувате новогодишната магија.

Доколку сакате да и дадете барем малку посебен „шмек“ на ноќта, ви го препорачуваме овој лесен, не претерано алкохолен топол пијалок.

Се што ви е потребно се следниве состојки: брусница, сок од брусница и шампањ. Доколку ви се наоѓа и малку портокал или пак цимет во кујната, ќе послужат како одлични дополнувачи на веќе одличниот вкус.

[youtube]http://youtu.be/AHS66pZyeGE[/youtube]

- Реклама -