Правилото „Пет секунди храна на подот“ е потврдено

Секој од нас има слушнато за озлогласното верување дека ако  испуштите нешто за јадење на подот и не стоело таму повеќе од пет секунди тогаш оваа храна е за јадење.

Сега веќе тоа е официјално потврдено, бидејќи студентите кои  изучуваат биологија откриле дека времето е одлучувачки фактор за „напад” на бактериите кон  парчето храна на подот.

Студентите од Aston University во Бирмингем, под раководството на професорот по микробиологија Ентони Хилтон, набљудувале колку брзо ешерихија коли и други познати бактерии се пренесуваат од домашниот под врз „лепливата” храна.

Покрај правилото за петте секунди, тие откриваат уште дека типот на подот исто е одлучувачки за брзината на бактериите, а  изненадувачки, килимите се покажаа како најмногу безбедни.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

„Ризикот да се зарази човек од падната храна  на подот многу зависи од видот на бактерии, кои во овој момент се наоѓаат врз предметниот под. Ако не друго, тогаш барем овој експеримент ќе ги увери луѓето дека “митот” за правилото за петте секунди не е мит, туку реалност “, вели професор Хилтон.

Значи, ако ви падне дел од храната на подот, кренете ја веднаш.

- Реклама -