Си правите ли листа за работите кои што би сакале да ги завршите? А ви се случува ли да пренесувате денес задачи во листата за утре? Повеќето од нас го прават тоа постојано – за утре, за следната недела, за некој повеќе поволен момент …
Дали сте слушнале за правилото на 72 часа? Во основа тоа тврди дека колку подолго одложувате едно нешто, толку помалку веројатно е дека ќе го направите направите некогаш. Со други зборови, кога одложуваме нешто повеќе од 72 часа, обично наоѓаме доволно аргументи потоа, за да не ја извршиме задачата
Факт е дека човечкиот мозок е програмиран така што ако некоја идеја не стане мотив за активностите на нејзиниот сопственик, тој почнува да ја прифаќа веќе само како слика, додека не се презема ништо поконкретно. Што значи дека таа веќе нема такво значење за него.
Ако одложиме нешто повеќе од 72 часа, обично наоѓаме доволно аргументи потоа, за да не го направиме.
Помислете само на сите отворени прозорци во прелистувачот на вашиот компјутер со интересните статии или информации што сте сакале да прочитате, но сте ги одложиле за подоцна. Колку од нив навистина ги читате, ако сте ги одложиле за повеќе од 72 часа?
Кога знаеме и сме свесни за фактот на прогресивниот пад во мотивацијата и стимулацијата за извршување на едно или друго дејствие со секој изминат час, би можеле полесно да ги организираме активностите според нивната важност и ентузијазам.
Може само да започнеме подготовка или некаков дел од активностите, но треба да биде во рамките на 72 часа од појавата на идејата или донесувањето на одлуката.
Важно е првите чекори да се направат веднаш, вторите во наредните 72 и така натаму, за да не изгубиме целосно мотивација и никогаш да не го завршиме тоа што го сакаме.
Можеме да се справиме со одложувањето ако тоа е проблем за нас. Потребни се само малку планирање, дисциплина и храброст за да формираме нова навика 🙂