Правилно замрзнување на зеленчук

Како правилно да замрзнете зеленчук и да ја зачувате неговата свежина?Дали ви се случило некогаш да купите голема кеса зеленило со цел секое утро да си правите хранлив оброк, но само неколку дена подоцна сте имале кисел, лигав спанаќ?

Најдобро решение за тоа е замрзнувањето!

Со замрзнување на зеленчукот се зачувуваат витамините, а на производот му се продолжува рокот на траење.

Исто така, поевтино е да купите поголема количина зеленило, отколку секојдневно да купувате по малку.

Замрзнете го во кеса

Во малите пластични кеси за замрзнување распоредете ги парчињата што ги сакате. Можете да додадете цел плод или само деловите што ги користите. Измијте го зеленчукот, пред да го замрзнете.

Замрзнете го во сад

Одлична идеја е да го иситните зеленчукот во блендер, па да го прелеете во сад за мраз или мал пластичен сад, секако прекриен одозгора.

Важно е зеленчукот да биде природен, вкусен и секако многу добро измиен, пред да го замрзнете.

 

 

- Реклама -