Со пилингот на лице се врзани бројни недоумици. За почеток, не е сеедно дали имате сува, масна или чувствителна кожа.
Теоретски, на сите им е јасно дека за блескав и здрав изглед на кожата на лицето, потребно е повеќе од обична дневна крема, но во реалноста ситуацијата е поинаква. Поради мрзеливост и недоволно знаење, најчесто избегнуваме темелно чистење на лицето со помош на пилинг и некои други „сродни“ средства.
Независно од типот и состојбата на кожата, акцентот е на нежните, а не на грубите потези во текот на масажата, кои не би требало да траат подолго од една минута. Некои од придобивките на пилингот се изедначен тен, намалена видливост на порите и ситните акни и добра циркулација на кожата.
Најчестата заблуда во врска со пилингот се однесува на избегнувањето на ексфолијација на чувствителната кожа на лицето. И овој тип кожа има потреба од отстранување на слојот од мртви клеки. Не на дневна, туку на неделна база, и со нежен пилинг од некој бренд за природна козметика.
Жените со особено сува кожа, совети за правилен пилинг прво треба да побараат кај дерматолог. За сувата кожа се препорачуваат козметички производи со природно масло од бадем и Хѕдра ИЉ комплекс
Како да ја исчистите кожата со нерамномерен тен, акни и останати неправилности како нагласено лачење на себум? Се препорачува нежен пилинг за отстранување на мртвиот слој на кожата, освен во случај на „активни акни“. Препорачливи се пилинзи што го контролираат прекумерното лачење на масти.