Правила за татковците кои имаат ќерки

Блогерот Мајкл Мичел секојдневно пишува за родителството и им дава совети на сите татковци во светот. Овој пат, тој го насочува вниманието кон оние татковци кои имаат ќерки. Во продолжение дел од советите:

Сакај ја нејзината мајка. Почитувај ја и отворено покажувај и дека ја сакаш. Кога твојата ќерка ќе порасне, големи се шансите да се омажи за некој кој кон неа ќе се однесува исто како што ти се однесуваш со нејзината мајка. Доброто однесување е подобра варијанта.

Секогаш биди ти. Искрено заинтересиран, за се што неа ја интересира. Биди вклучен во сите фази од нејзиниот живот. Не седи пасивно, додека минуваат годиите… и нејзиниот живот во тие години.

Таа ќе расте барајќи херој. Тоа можеш да бидеш ти. Не ти се потребни црвена наметка и сини хеланки.

superhero5

Почитувај го секој заеднички момент. Денес таа во пелени лази низ собата, утре ќе и подариш клучеви од автомобил. а пред да сфатиш, ќе ја предадеш на младоженецот. Животот се случува брзо, уживај додека можеш.

Сосема е ОК да правиш планови за нејзиниот живот, но исто така ОК е и тоа, таа да ги игнорира. Нели сакаше ќерка ти да биде силна личност?

Дозволи и да те нашминка. Твоето чувство на непријатност ќе избледе, нејзините спомени нема.

Таа ќе се расправа со својата мајка. Внимателно избирај страна.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

520940_76781103

Секако дека изгледа смешно да играш криенка со бебе. Сеедно, играј!

Ќе дојде ден кога ќе ти побара да и купиш куче. Не размислувај многу. Барем еднаш во нејзиниот живот само кажи „да“.

Никогаш не е рано да ја учиш за вредноста на парите.

Голема е веројатноста да се по „зборлеста“ од тебе… Многу повеќе. Биди добар слушател, не прекинувај ја и се ќе биде во ред.

Танцувај со неа. Почни додека е мала. Немој да го чекаш денот на нејзината свадба.

Научи да кажеш не. Еден ден ќе ти биде благодарна што си бил цврст.

Вели и дека е убава. Еден ден некој магазин ќе се обеди да ја убеди во спротивното.

father and daughter and dogs

Дозволи  и да држи волан. Секогаш ќе се сеќава на денот кога татко и, за прв пат и дал да вози автомобил.

Носењето на рамо е волшебно искуство. Правете го тоа додека се вашите рамења цврсти, а таа мала.

Никогаш не го пропуштај нејзиниот роденден. За десет години нема да се сеќава што си и донел за подарок. Ќе се сеќава дека си бил тука.

Научи ја да вози ролерки. Уживај додека нејзината самодоверба расте.

Денеска оди во градинка, утре на факултет. Немој да трeпнеш…

 

- Реклама -