Правила за однесување на нудистичка плажа

Ако сте ги фрлиле костимите за капење, не значи дека треба да ги фрлите и манирите.

Ако сте потенцијален нудист, треба да знаете дека покрај забавата во голотијата, постојат и непишани правила кои треба да ги следите во нудистичките населби и кампови. Освен ако не сакате на сите да бодете очи и да ве гледаат попреку, треба да се знаат следниве нешта:

За почеток, без разлика дали се сончате и излежувате на базен или плажа, секогаш на лежалката или столицата ставете пешкир. Не само што е похигиенски, туку е и попристојно за оние што ќе ја користат лежалката после вас. Седите и лежите исто како да носите облека за капење, се додека ви е пријатно.

FKK-Gelande_Sudstrand_Strandimpressionen_(2200637243)[1]

Држете пристојно растојание од другите луѓе околу себе. Само затоа што се сите голи, не значи дека не сакаат свој личен простор, напротив, можеби заради голотијата им треба уште повеќе. Затоа, не го поставувајте пешкирот преблиску до нечиј друг, за да не дојдете во ситуација да си мафтате со гениталиите и задниците една на други пред лицата.

98_ce70f507ea534dafd238b8417f8d67e4ac21ec45[1]

Кога веќе сте на нудистичка плажа и сте решиле да немате ни крпче на себе, не правете чудни обиди да се сокриете кога се соблекувате и пресоблекувате. Ако ви падне нешто, наведнете се без неприродни движења. Ако се виткате и криете, само ќе привлечете внимание.

Трудете се да бидете само уште еден гол турист на плажата. Не ги покривајте очите секогаш кога некој гол ќе помине покрај вас. Но, тоа не значи ни дека треба да зјапате во нечие тело, што би можело да и предизвика непријатност на личноста.

20120421_1183-[1]

Што се однесува до фотографирањето, мора да знаете дека секој нудистички камп има свои правила – од потполна забрана, па до фотографирање исклучиво од личности задолжени токму за тоа. Во било кој случај, не ни помислувајте да фотографирате други луѓе.

Многу од нудистичките населби и одмаралишта ги следат локалните правила на однесување. Затоа, информирајте се пред да се појавите „пиштол голи“ во заедничката трпезарија. Тешко дека ќе ви биде удобно да јадете ако сите други носат облека. Некаде пак, е задолжително да сте потполно голи, додека на некои простори нудистите можат да бидат облечени. Затоа, пред било што да направите, распрашајте се.

naked_dining

- Реклама -