Патните трошоци на пратениците и државните функционери се една од најжешките теми во македонската јавност.
Со последните одлуки на Собранието, од 1 септември секој пратеник кој не е од Скопје и нема свој стан во Скопје, ќе треба да одбере дали ќе патува со свој автомобил за што ќе добиваат надомест за гориво во висина од 20 отсто и за патарина, или ќе закупи стан за што ќе му бидат покриени најмногу 400 евра, а трошоците за патување ќе важат само за викенди.
Поради многубројните скандали со функционерите од претходната, но и од актуелната власт, Собранието мораше да донесе измени на досегашните закони и да се измени целосно досегашниот начин на исплата на овие трошоци.
Поопширна анализа на новите собраниски одлуки прочитајте тука.